Стивен Сигал доби српско државјанство

Србија му даде државјанство на американскиот актер Стивен Сигал. Владата ова го соопшти денеска, откако актерот и продуцент два пати ја посети Србија во последниве месеци, изразувајќи ѝ поддршка на популистичката влада на Александар Вучиќ и изјавувајќи дека се чувствува како Србин. За време на неодамнешната средба тој понуди да ги обучува српските специјални сили во боречката вештина аикидо која тој ја користи во неговите акциски филмови. Неговите посети беа спонзорирани од српска проруска организација. Сигал е еден од познатите западни личности кои се дружат со рускиот претседател Владимир Путин, кого го пофали и покрај затегнатите односи меѓу Москва и западот.