Турција им забрани влез во земјата на над 35 илјади членови на ИД

Илустрација.

Турција им наметна забрана за влегување во земјата на над 35 илјади осомничени членови на групата Исламска држава (ИД), кои потекнуваат од повеќе од 120 земји, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала, пренесува агенцијата Анадолија.

„Досега фативме и депортиравме 2.896 лица од 92 земји“, додаде тој.

„Тоа успеавме да го направиме како резултат на размената на разузнавачки податоци со другите земји. Кога се среќаваме со министрите за внатрешни и за надворешни работи на овие земји, меѓутоа, им кажуваме дека имаме речиси три милиони гости (мигранти) и дека очекуваме тие да направат сѐ што е неопходно од нивна страна, додаде Ала.