Хуманитарната помош влезе во изгладнетиот сириски град Мадаја

Хуманитарната помош влезе во опколениот сириски град Мадаја, каде што хуманитарните организации предупредуваа дека жителите умираат од глад. Помошта за градот, кој е под контрола на бунтовниците, требаше да пристигне вчера, но беше одложена. Помош е испратена и за градовите Ал-Фуа и Кефраја. Околу 40 илјади жители на Мадаја, во близина на либанската граница, според информациите, ги јаделе миленичињата и трева за да преживеат. Организацијата Лекари без граници предупредува дека на градот му треба постојана помош, а не само еднократна испорака.