Франција бара прекин на воените операции против цивили во Сирија

Франција ги повика сириската влада и нејзиниот клучен сојузник Русија да ги прекинат воените операции против цивили, само две недели пред закажаните мировни разговори. Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус ја нагласи состојбата во градот Мадаја кој е под опсада од владините сили и каде што организациите за помош велат дека жителите умираат од глад. Фабиус рече дека Франција ќе го консултира Советот за безбедност на ОН да се изврши притисок врз Сирија за окончување на, како што рече, неприфатливите напади. Русија, која од септември извршува воздушни операции во Сирија, негира дека напаѓа цивили. Денеска треба да влезат конвои со помош во Медаја, Ал-Фуа и Кефраја во провинцијата Идлиб.