Могерини - Санкциите против Иран наскоро ќе бидат укинати

Шефицата за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини изјави дека очекува економските санкции против Иран наскоро да бидат укинати. Иран и светските сили минатата година се договорија Техеран да ја ограничи програмата за збогатување ураниум во замена за укинување на економските санкции. На прес-конференцијата по средбата со шефот на чешката дипломатија Лубомир Заоралек во Прага, Могерини рече дека не е утврдена конечна дата, но оти „спроведувањето на договорот се одвива добро“. Таа рече дека е неопходно сите договорени чекори да се направат како што треба.