Почина Дејвид Боуви

Дејвид Боуви

Легендарниот британски пејач Дејвид Боуви почина на возраст од 69 години, по битката со ракот. На неговите официјални профили на Твитер и Фејсбук е соопштено дека Дејвид Боуви денеска починал опкружен со своето семејство по храбрата 18 месечна битка со ракот. Боуви, познат по хитовите „Спејс одити“ и „Херои“, беше еден од најуспешните уметници на 20 век. Тој во минатата недела го објави својот нов албум „Блекстар“.