Прва седница на египетскиот парламент по 3 години

Новиот парламент на Египет се состана за прв пат по три години. Притоа за претседател на парламентот е избран Али Абделал експерт по уставно право кој студирал во Франција. Тој е еден од творците на новиот Устав на земјата и се очекува да претседава со седниците на парламентот кој треба да одобри околу 200 закони што претседателот Абдел Фатах ал Сиси ги донесе како декрети откако собранието беше суспендирано.