Година по нападите на Шарли Ебдо

Неколку илјади луѓе се собраа денеска во главниот град на Франција за да одадат почит на повеќе од 150 загинати во терористичките напади во последнава година кои се случија во Париз. Претседателот Франсоа Оланд и градоначалникот Ан Хидалго ја открија спомен-плочата во знак на сеќавање на жртвите. Таа се наоѓа во подножјето на дрво засадено на Плоштадот на републиката , место кое стана симбол на француската солидарност по терористичките напади. Пееше францускиот рокер Џони Холидеј а армискиот хор емотивно ја изведе француската национална химна. Церемонијата е дел од настаните викендов со кои се одбележува првата годишнина од терористичките напади на еврејскиот пазар во Париз и редакцијата на сатиричниот весник Шарли Ебдо. На настаните исто така се потсетува на повеќе од 130 луѓе кои загинаа во бранот терористички напади во Париз во ноември за кои е осомничена терористичка група поврзана со Исламска држава. Француските власти од тогаш почнаа со засилени безбедносни мерки вклучително прогласена беше и вонредна состојба.