МВР:Откриени 33 мигранти во камион на патот Никуштак-Орланци

Во камион со лажни велешки регистарски ознаки вчера околу 11.30 часот на патот Нукштак-Орланци полицијата открила 33 мигранти од кои 15 од Иран, 16 од Ирак и две лица од Либија, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Полицијата, како што наведуваат во соопштението, по извршениот увид констатирала дека се работи за камион “Мерцедес“ со регистарски ознаки кои се одјавени на 04.01.2016 година во Штип. Повикан бил и претходни сопственик 33 годишно лице од Штип, кој изјавил дека 04.01.2016 година ТМВ Мерцедес го продал на Џ.И.(24) од велешко, за кое на увид приложил купопродажен договор, наведуваат од полицијата. Од МВР соопштуваат и дека тројца од миграните ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје, на 16 мигранти од Ирак им била издадена потврда за изкажана намера за поднесување на барање за азил и истите ќе бидат спроведени во Кампот на Табановце, за 15 мигранти од Иран поднесен е Записник за прием на усно барање за признавање право на азил, по што истите ќе се спроведат во Центарот за Азил Визбегово-Скопје. Претходно телевизијата “21ТВ” јави дека нивната екипа наишла на камион на стариот пат Скопје-Куманово во кој внатре и околу него имало насобрано стотина мигранти, а од кога ја вклучиле камерата возачот избегал во непознат правец. Новинарската екипа, како што наведоа од телевизијата, повикала полиција која откако направила записник ги привела мигрантите, а возилото било запечатено.
Инаку земјава од неодамна почна со построга контрола на границата со Грција и се пропуштаат само бегалци од земјите во кои има конфликти односно Сирија, Авганистан и Ирак, а на т.н. економски мигранти не им се дозволува да влезат во Македонија.