Египет: Во напад убиени полицаец и војник

Египетското министерство за внатрешни работи дека вооружени напаѓачи убиле полицаец и војник додека патувале кон работа во областа Гиза, западно од главниот град Каиро. Двајцата починале на лице место откако вчера влегле во оган на засега неидентификувани напаѓачи, соопшти министерството. Државните медиуми јавија дека полицијата веднаш по пукотниците се распоредила во областа за да ги фати напаѓачите. Египет се бори со бран на исламистичко насилство против безбедносните сили во кое загинаа стотици војници и полицајци откако во 2013 година беше симнат од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси. Нападите кои започнаа во регионите на Синаи засилено се проширува кон главниот град и туристичките места на Црвеното море.
Двајца вооружени мажи извршија напад во хотел во ресортот Хургада вчера во кој беа повредени тројца странски туристи. Во октомври Исламска држава ја презема одговорноста за бомбардирањето на рускиот авион над Синаи во кој загинаа 224 патници.