Јапонија и Британија бараат мерки за Северна Кореја

Шефот на јапонската дипломатија Фумио Кишида

Јапонија и Британија посочија денеска дека меѓународната заедница треба цврсто и брзо да одговори на наводите дека Северна Кореја успешно тестираше хидрогенска бомба. Двете земји по средбата на нивните министри за надворешни работи и одбрана најавија и заеднички вежби и соработка во одбранбената опрема.

Шефот на јапонската дипломатија Фумио Кишида изјави дека се согласиле оти нуклеарните тестови на Северна Кореја претставуваат сериозна закана за мирот и безбедноста и меѓународната заедница треба итно да преземе мерки.