Ахмети и Коѕијас разговарале за решение за името

Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас денеска во Атина разговарал за регионалните случувања, добрососедските односи, евроатланската интеграција на Македонија и прашањето за името, соопштија од партијата.

Ахмети истакнал дека ДУИ е подготвена да го даде својот придонес за надминување на спорот со името, што, според него, може да се постигне преку директни средби и искрен и конструктивен дијалог меѓу страните во однос на иднината на регионот. Ахмети и Коѕијас, како што се наведува ДУИ, дискутирале и за конкретни можности за трајно затворање на прашањето.