Кока Кола и се извини на Украина

Кока кола упати извинување до Украина за објавувањето на мапа од Русија на социјалните мрежи во која бил вклучен и полуостровот Крим, врз кој беше извршена нелегална анексија од Кремљ во март 2014 година. Потпретседателот на компанијата, Клајд Тагл во писмото до украинската амбасада во Вашингтон истакнал дека може само да се извини за грешката која не требала да се случи.

На 30 декември претставништвото на Кока Кола во Русија објави честитка на социјалните медиуми заедно со мапа на земјата и со новогодишни елки. Мапата предизвика критики од руските корисници по што беше вклучен и Крим по што реагираше и Украина.