Можна депортација на насилниците од Келн

Германскиот министер за правда Хеико Мас

Германскиот министер за правда Хеико Мас изјави денеска дека барателите на азил може да бидат депортирани доколку се докаже дека биле инволвирани во серијата сексуални напади за време на прославата на Нова година во Келн. Тој истакна и дека секој што верува оти може да го прекрши законот и редот ќе биде казнет, без разлика од која земја доаѓа. Според него, освен депортација барателите на азил се соочуваат и со затвор од најмалку една година.