ОН подготвуваат нови санкции против Северна Кореа

Советот за безбедност на ОН остро ја осуди нуклеарната проба на Северна Кореа, наведувајќи дека е во подготовка нацрт резолуција за дополнителни санкции против Пјонгјанг. Синоќешната итна седница зад затворена врата беше одржана откако Северна Кореа соопшти дека извршила проба на хидрогенска бомба. Советот оцени дека тоа претставува јасно кршење на неговите резолуции со кои на Пјонгјанг му е наложено да ги прекине сите нуклеарни активности, како и програмата за производство на балистички ракети.