Евакуирани повредените американски војници во Авганистан

Американскиот полковник Мајк Лавхорн изјави денеска дека двајцата американски војници кои беа повредени во борбите со талибанците во јужен Авганистан биле евакуирани. Според него, било евакуирано и телото на загинатиот американски војник во борбите во близина на градот Марјах во покраина Хелманд. Воениот хеликоптер кој требаше вчера да изврши евакуација на местото на нападот беше приземјен откако во близина експлодира проектил.