Прослава на Бадник пред Соборниот храм

г.г Стефан

Во присуство на голем број верници денеска на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одржа традиционално одбележување на Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово - Божик. Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во својата беседа изјави дека празниците се прилика за духовна смотра и можност за преиспитување на себеси и порача дека токму во вербата во Бога треба да се бара потребната радост и да се гледа излезот и од најтешките ситуации. Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот се крши леб со паричка.