Меѓународна осуда за Северна Кореја

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска дека Северна Кореја мора да ја прекине нуклеарната програма. Тој повика и на меѓународна осуда за Пјонгјанг поради тестирањето на хидрогенска бомба. Германските власти соопштија дека ќе го повикаат амбасадорот на земјата во Северна Кореја. Портпаролот на германското министерство за надворешни работи, Мартин Шаефер изјави дека таквиот чекор е силен сигнал и дури знак на протест против активностите на Северна Кореја. Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков изјави денеска дека Русија е сериозно загрижена за тестирањето на хидрогенската бомба.