Ирак се понуди да посредува меѓу Иран и Саудиска Арабија

Ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал Џафари и шефот на иранската дипломатија, Мохамад Џавад Зариф.

Ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал Џафари изјави денеска дека неговата земја ќе посредува во обидот да се пронајде решение за дипломатската криза меѓу Иран и Саудиска Арабија по егзекутирањето на проминентен шиитски свештеник. Тој ја даде изјавата по средбата со шефот на иранската дипломатија, Мохамад Џавад Зариф, кој истакна дека Саудиска Арабија ги зголемува тензиите во регионот за разлика од Техеран, кој се обидува да ги смири.