Северна Кореа тестирала хидрогенска бомба

Северна Кореа денеска соопшти дека извела прва успешна проба на, како што е наведено, „минијатурна“ хидрогенска бомба. Претходно неколку земји забележале земјотрес со умерена сила во близина на местото во Северна Кореа кое е познато по изведување нуклеарни тестови. Доколку биде потврдено, тоа ќе биде четврта нуклеарна проба на Северна Кореа и покрај санкциите на Обединетите нации. Од друга страна тоа ќе претставува голем чекор напред во развојот на севернокорејската воена нуклеарна програма.