Експлозија на плинска боца во Драчево, девет повредени

Девет лица биле повредени вчера попладне при две експлозии во куќа во скопската населба Драчево, при монтирање грејно тело со плинска боца. Според првичните информации на МВР, лицата кои се здобиле со повреди од експлозијата биле пренесени за укажување лекарска помош во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и во Ургентниот центар. Три лица се во тешка состојба, при што едно од нив е со изгореници со зафатеност од над 60 насто по телото.