Времето денеска: облачно и врнежливо

Во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Попладне, особено во текот на ноќта кон четврток ќе има обилни врнежи од дожд и локално се очекува да наврнат над 30 литри на метер квадратен. Најмногу врнежи ќе има во западните и северните делови. На највисоките планини врнежите ќе бидат од снег, но во текот на ноќта и во утринските часови во четврток поради продор на постудена воздушна маса снежната граница ќе се спушти и до илјада метри надморска височина. Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од седум до 13 степени. Во Скопје времето ќе облачно со повремен дожд кој ќе биде пообилен кон крајот на денот и во текот на ноќта. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до седум степени.