Меркел шокирана од нападите за Нова година

Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изјави дека е шокирана од сексуалните напади и грабежите во западниот град Келн на прославата за Нова година. Нејзиниот кабинет соопшти дека градоначалникот на Келн ветил оти ќе направи се за да се казнат напаѓачите без разлика на нивното потекло или позадина.

Десетици жени биле сексуално нападнати или ограбени ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари. Повеќе од 80 пријави биле поднесени во полицијата од кои и една тужба за силување. Шефот на полицијата Волфанг Алберс изјави дека мажите кои ги извеле нападите изгледале како да имале арапско или северно африканско потекло.