Словачка ќе испрати 25 полицајци во Македонија

Словачкиот премиер Роберт Фичцо

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави денеска дека неговата земја ќе испрати 25 полицајци да и помогнат на Македонија во справувањето со приливот на бегалци. Според него, словачката влада се очекува во наредната недела да го одобри испраќањето на полицајците во Македонија во февруари.

Тој истакна и дека Словачка е подготвена да им помогне на сите земји на билатерално ниво како дел од меѓународната соработка. Фицо нагласи и дека се загрижени што ќе се случува на пролет кога ОН проценија дека приливот на бегалци ќе биде поголем од досегашниот. Тој најави и дека властите размислуваат да испратат и дополнителни 20 полицајци во Словенија. Словачка веќе испрати и 50 претставници на безбедносните сили во Унгарија.