Во Егејското море се удавиле 34 мигранти

Тела на 34 мигранти биле пронајдени на две одделни локации на крајбрежјето на Егејското море откако чамците во кои се превезувале потонале додека се обидувале да стигнат до грчкиот остров Лезбос. Турските власти соопштија дека телата на мигрантите биле пронајдени на брегот на Дикили и на Ајвалик. Меѓу жртвите има и жени и деца. Дванаесет мигранти биле спасени. Се уште не се знае националноста на мигрантите.