Ахмети в петок на средба со Коѕиас

Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети в петок во Атина ќе оствари средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас. Ахмети и Коѕиас, како што соопшти партијата, ќе разменат мислења и идеи за добрососедските односи, отворените прашања меѓу двете земји и евроатлантските интеграции на Македонија. Ахмети ќе биде придружуван од пратеникот Артан Груби, вицепремиерот за Рамковен договор Муса Џафери и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.