Турција сака да им помогне на Саудиска Арабија и Иран

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска ги повика Саудиска Арабија и Иран да користат дипломатски канали за намалување на тензијата по егзекуацијата на истакнат шиитски свештеник. Според него, Турција е подготвена да понуди секаква можна конструктивна помош за решение. Саудиска Арабија ги прекина дипломатските односи со Иран по нападот врз саудиската амбасада во Техеран, која следеше по егзекуацијата на свештеникот Нимр ал Нимр.