Пронајдени тела на мигранти на брегот на Егејското море

Турските власти соопштија дека тела на најмалку 16 мигранти биле пронајдени на две одделни локации на крајбрежјето на Егејското море откако чамците во кои се превезувале потонале додека се обидувале да стигнат до грчкиот остров Лезбос. Седум тела, меѓу кои и на една жена и дете биле пронајдени на брегот на Дикили, по само неколку часа откако беа пронајдени девет тела на мигранти на плажата кај Ајвалик. Турската крајбрежна стража е во потрага по преживеани. Осум мигранти биле спасени.