Рохани-Саудиска Арабија не може да го сокрие злосторството

Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека Саудиска Арабија не може да го сокрие злосторството кое го направила со егзекуцијата на проминентниот шиитски свештеник Нимр ал Нимр кој имаше блиски односи со Техеран.

Според него, Саудиска Арабија преземала чудни мерки и ги прекинала дипломатските врски со Иран, но тоа нема да и помогне на земјата да го прикрие криминалот што го направила. Саудиска Арабија, Бахреин и Судан ги прекинаа сите врски со Иран, а Обединетите Арапски Емирати го намалија нивото на односи со земјата. Кувајт денеска го отповика својот амбасадор во Иран.