Сириската опозиција очекува конкретни чекори

Сириската опозиција соопшти дека очекува од властите да бидат преземени чекори на доверба, меѓу кои и ослободување на затвореници пред преговорите меѓу двете страни кои треба да се одржат во овој месец за изнаоѓање мирно решение на конфликтот во земјата. Опозициски лидери, вклучувајќи ги и бунтовниците планираат пораката да му ја пренесат и на претставникот на ОН за Сирија, Стефан ди Мистура кога со него ќе остварат средба во Ријад во четврток.

ОН соопштија во минатиот месец дека преговорите меѓу власта и опозицијата во Сирија се закажани за 25 јануари во Женева за ставање крај на конфликтот во земјата во кој загинаа над 250 илјади луѓе.