Напад во близина на аеродромот во Кабул

Авганистанската војска на местото на инцидентот.

Силна експлозија го погоди денеска авганистанскиот главен град Кабул. Сведоци соопштија дека бомбаш самоубиец го детонирал експлозивот пред контролен пункт во близина на аеродромот во Кабул. Полицијата соопшти дека нема информации за повредени или жртви. Се уште никој не презема одговорност за нападот.