Груевски ќе даде оставка пред 15 јануари

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека ќе даде оставка пред 15 јануари, за да може на овој ден да се избере Влада што ќе ја предводи друг функционер предложен од ВМРО ДПМНЕ, како што беше договорено во Пржино.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан следната недела доаѓа во Скопје, на средби со лидерите на политичките партии за исполнување на Договорот од Пржино. Премиерот најави дека ќе се сретне со Хан и ќе разговараат за сите прашања.

- Нова техничка влада ќе си има според договорот од Пржино. На 15 јануари ќе се формира техничка влада која ќе ги спроведе изборите, а оставката ќе биде поднесена претходно. Кој ќе биде кандидат за премиер ќе одлучи партијата и ќе бидете известени, изјави Груевски.