Забрана за сообраќај на товарни возила на Стража

- На планинскиот премин Стража поради врнежи од снег превентивно е воведена забрана за движење тешки товарни возила.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот на повисоките планински места.

Снег со слаб интензитет паѓа во Тетово, Попова Шапка, Делчево, Смојмирово, Ресен, Железнец, Струмица, Павлешенци, Македонски Брод, Ѓавато, Буково, Плетвар, Пресека, Маврово.

Врнежи со посилен интензитет има во Кичево, Гостивар, Крушево, Прилеп, Стража.