Во Македонија влегле околу 3 илјади мигранти за 24 часа

Над илјада деца мигранти се дел од групата од 2918 мигранти кои влегоа во државава последите 24 часа и побараа потврди за намера за признавање право на азил. Од стотиците деца 16 патуваат сами без родител или придружба и се дел од групите кои од грција влегуваат во државава.

Од миграните најмногу се мажи а околу 600тини жени. Најмногу се од Сирија 1178 , а по 800тотини од Авганистан и Ирак. Од јуни до крајот на 2015 во Македонија се издадени потврди за намера за азил на над 18 000 деца.