Тројца загинати авганистански војници при уривање на хеликоптер

Официјални лица во Кабул сооштија дека хеликоптер на Авганистанската национална армија се урнал во провинцијата Логар јужно од Кабул, при што загинале тројца авганистански војници. Портпаролот на Министерството за одбрана Давлат Вазири изјави дека хеликоптерот Ми-17 од руско производство се урнал денеска , како резултат на технички проблеми. Тој рече дека дајца други авганистански војници се повредени во несреќата.