ИД ја презеде одговорноста за нападите во Ирак

Во напади од пет бомбаши-самоубијци врз ирачка воена база северно од Багдад, денеска загинаа најмалку 15 ирачки безбедносни сили, а повредени се 22 други. Двајца од бомбашите го активирале експлозивот во нивните возила додека влегувале во поранешната американска база во близина на градот Тикрит. Тројцата други го активирале експлозивот по влегувањето во делот на базата каде што се обучува ирачката полиција. Милитантите на Исламската држава кои контролираат делови од северен и западен Ирак, ја презедоа одговорноста за нападите во соопштение објавено на интернет.