Ирачките сили ја проширија контролата во Рамади


Ирачките сили ја проширија нивната контрола во централниот град Рамади додека тие продолжуваат да се ослободуваат од присуството на џебови на милитантите на Исламска држава во градот. Со проширувањето ирачките војници вчера дозволија стотици заробени цивили, да избегаат од областите, кои биле под контрола на милитантите. Некои семејства преплашени мавтаа со бели знамиња додека излегуваа од домовите. Официјални претставници соопштија дека ирачките сили ја презеле контролата врз земјоделскиот колеџ во градот а дека војниците се и во неколку други населби. Владата на 27 декември објави дека го освоила центарот на Рамади, главниот град на западната провинција Анбар.