Во Полска директорите на државната телевизија си поднесоа оставки

Во знак на протест против измените на законот и гушењето на независноста на јавните медиуми во Полска директорите на сите програми на државниот ТВ сервис, ТВП си поднесоа оставка, а националното радио престана да ја емитува химната, Бетовеновата Ода на Радоста. И покрај протестите на европските новинарски здруженија,владеачките конзервативци на поранешниот премиер Јарослав Качински благодарение на мнозинството во двата дома на парламентот пред Нова година на ноќна седница го прoтуркаа првиот чекор за реформи во медиумите. Со нив сите надлежности за поставување директори на телевизијата ТВП,на радиото и новинската државна агенција му се доверени на министерот на државниот трезор.