Огромната зграда на еден од најлуксузните хотели во Дубаи, во која изби пожар во новогодишната ноќ, утрово се уште е во пламен, повеќе од 13 часа откако се запали. Властите во Дубаи соопштија дека најмалку 15 луѓе се повредени. Во 63 катната зграда, наречена Адрес, висока 300 метри, има 196 хотелски соби и над 620 луксузни апартмани.