Иванов во посета на војниците на јужна граница

Претседателот на Македонија и Врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, денеска ќе ги посети припадниците на АРМ кои се распоредени на јужната граница. Тој ќе биде придружуван од министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски. Во меѓувреме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе го посети граничниот премин Деве Баир. На граничниот премин тој ќе се сретне со полициските службеници од Полициската станица за Граничниот реон- Деве Баир.