Меркел: мигрантите шанса за иднината на Германија

Германскиот канцелар Ангела Меркел во денешното новогодишно обраќање, што вечер ќе биде емитувано на германската телевизија, наведува дека за интеграцијата на мигрантите во Германија ќе бидат потребни „време, сили и пари“. Но, како што додава, тие се можност за голема иднина на земјата. Нејзиното обраќање на интернет ќе биде проследено со превод на англиски и арапски јазик со цел да можат да го разберат милион мигранти во таа земја. Меркел во обраќањето предупредува и на опасноста од пораст на ксенофобијата во земјата.