Русија бара од Турција да го уапси убиецот на пилотот

Марија Захарова

Официјална Москва побара од Анкара да го уапси бунтовникот кој тврди дека го убил пилотот на рускиот авион соборен во минатиот месец над сириската граница од турски воени авиони. „Бараме турските власти да преземат итни чекори за апсење на Алпарслан Челик и неговите соучесници и да ги изведат пред лицето на правдата поради убиството на рускиот пилот, рече портпаролот на руското МНР Марија Захарова. Двајцата пилоти од соборениот руски авион Су-24 се катапултираа, но на еден од нив, додека се спуштал со падобранот кон земјата, пукале бунтовници и го убиле. Односите на Москва и Анкара се многу затегнати откако на 24 ноември Турција го собори рускиот авион, по што Русија на Турција и воведе економски санкции.