Украина забранува увоз на руски производи

Украинскиот премиер Аресениј Јацењук.

Украинските власти ќе воведат забрана за увоз на некои производи од Русија како одговор на слични мерки преземени од Москва. Украинскиот премиер Аресениј Јацењук изјави дека за секоја руска мерка неговата земја ќе преземе контра мерки. Тој истакна и дека владата ќе ги промени и давачките за царина за увозот на руските производи во земјата. Украинското министерство за економија и трговија вчера соопшти дека направило листа на 43 производи кои ќе бидат забранети за увоз од Русија од 10 јануари.