Уапсени две лица во Турција поврзани со ИД

Турската полиција уапсила две лица кои се осомничени дека се членови на милитантната група Исламска држава и кои најверојатно планирале напади на Анкара за прославата на Нова година. Обвинителство соопшти дека осомничените влегле во Турција од Сирија. Според обвинителството, тие се осомничени дека подготвувале напад во центарот на Анкара, каде најчесто се прославува дочекот на новата година. Во двоен самоубиствен бомбашки напад во октомври во Анкара загинаа 100 луѓе.