Потврдена кандидатурата за премиер на Молдавија

Јон Стурца

Уставниот суд на Молдавија ја потврди номинацијата на прозападниот бизнисмен Јон Стурца да биде премиер на таа земја. Таа му беше оспорена од група опозициски пратеници кои сметаа дека претседателот Николае Тимофти ја злоупотребил функцијата со тоа што го номинирал Стурца без да го консултира парламентот. Сега за него треба да гласа и парламентот на седница закажана за 4 јануари.