САД го шпионирале Нетанјаху

израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Соединетите држави го шпионирале израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на нуклеарните преговори со Иран и покрај ветувањето на Белата куќа дека ќе престане да ги шпионира сојузниците, пишува весникот „Вол стрит џурнал“. Белата куќа и израелската амбасада во Вашингтон засега немаат коментари на ваквите наводи. Нуклеарните преговори завршија успешно во јули годинава и договорот меѓу Иран и светските сили почна да се применува.