Примирјето во Украина се покршливо

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер предупреди дека примирјето меѓу украинските владини сили и проруските сепаратисти станува се покршливо. „Иако ситуацијата во источна Украина исчезна од насловите, нема причина да седиме со скрстени раце. Примирјето е се покршливо“, изјави тој, додавајќи дека двете страни треба да продолжат да го остваруваат договореното. За денеска е најавен телефонски разговор меѓу лидерите на Украина, Русија, Франција и Германија на кој ќе се бидат разгледани резултатите од спроведувањето на мировниот договор во источна Украина.