Фронтекс распоредува 293 офицери на грчките острови

Европската агенција за управување со надворешните граници, Фронтекс објави дека распоредува 293 офицери за обезбедување на границите и 15 бродови на грчките острови. Ова е во рамките на новата операција, наречена „Посејдон Рапид“, по барањето на Грција за дополнителна помош за обезбедување на нејзините надворешни граници во Егејското Море. Бројот на распоредените офицери ќе биде зголемен постепено до над 400 лица, а ќе биде зголемен и бројот на бродовите, возилата и другата опрема со цел да им се помогне на грчките власти да се соочат со миграцискиот бран, соопшти Фронтекс.