Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен повремено засилен ветер од северен правец и со слаб локален дожд и снег, особено во југоисточните делови. Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од еден до осум степени. Во Скопје променливо облачно и студено со повремен на моменти засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до четири степени.