Уапсени 9 милитанти поврзани со ИД во Пакистан

Пакистанските власти соопштија дека уапсиле девет милитанти кои наводно имале врски со екстремистичката група Исламска држава и кои планирале напади низ земјата. Осомничените биле уапсени за време на немирите во источната покраина Пунџаб. При нивното апсење биле запленети и оружје, експлозиви и лаптопи. Според властите, осомничените се заколнале дека ќе ја соборат владата и оти ќе воспостават калифат во Пакистан преку вооружена борба.